Реал Мадрид го претстави Ендрик

Младиот бразилски фудбалер, Ендрик денеска и официјално беше претставен на „Сантијаго Бернабеу“ како нов фудбалер на актуелниот европски шампион, Реал Мадрид.

Бразилецот денеска стави потпис на договорот со кралевите, иако уште пред две години беше договорено неговото преминување во Мадрид.

Реал за Ендрик, ако се сметаат и бонусите, на Палмеирас му плати околу 60 милиони евра.

Се вчитува...