Реал Мадрид го доби првиот дуел во Белград во серијата со Партизан, и ги задржа шансите за пласман во Ф4 во Евролигата. „Кралевите“ во драматична завршница успеаја на крајот да слават со 82-80 и така да намалат на 2-1. Партизан и натаму има се во свои раце, затоа што и четвртиот меч се игра во Белград.
Партизан потклекна пред пеколната атмосфера во „Штарк“ Арената, и тоа во финишот од средбата кога Вилијамс-Гос погоди тројка, а потоа Смаилагиќ на другата страна не реализираше за три поени, со што победата припадна на „кралевите“.
Таварес беше незапирлив под кошевите и постигна 26 поени, со 11 скока, додека Вилијамс-Гос постигна 22 поени.
И двата тима настапија ослабени, особено Партизан кој не можеше да смета на Пантер поради тепачката на вториот натпревар кога Евролигата изрече суспензии и за двата тима. Следниот меч е за два дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА