Реал Мадрид го продава Давид Алаба, цената е смешна

Челниците на Реал Мадрид беа горди кога успеаја да го убедат Давид Алаба наместо да потпише нов договор со Баерн, како слободен играч да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Од сегашна перспектива, тоа не се покажа како најдобар бизнис-потег, пред се поради повредите на австрискиот ветеран кој од декември 2023 до јануари 2025 година воопшто не беше во тимот на „кралевите“.

Флорентино Перез е свесен дека Алаба нема да може да го достигне своето ниво од пред повредата, па ветеранот летово ќе биде ставен на трансфер-листа, и тоа за минимална отштета од само пет милиони евра. Сумата за отштета не е толку важна колку фактот дека со ваков трансфер Реал би заштедил над 25 милиони евра бруто што би требало да ја покријат платата на Алаба за сезоната 2025/26.

Во ситуација кога клубовите од САД и од Саудиска Арабија се во офанзива по потписи на ѕвезди од европскиот фудбал, „кралевите“ се надеваат дека ќе најдат купец за Алаба, а потоа ќе доведат нов млад одбранбен фудбалер на негово место. На врвот на листата желби се наоѓа младиот Хујсен од Борнмут, кој има откупна клаузула од 50 милиони евра за летниот преоден рок.

Се вчитува...