Реал Мадрид е на прагот да направи тренерска смена во текот на летово, но паралелно со тоа Флорентино Перез планира и неколку маневри околу ремонт на играчкиот кадар во претстојниот преоден рок.
Преговорите со Трент Александер Арнолд се во завршна фаза, но Перез планира и ремонт во навалната линија. Флоријан Вирц е огромна желба на новиот тренер Чаби Алонсо, но за доаѓањето на Германецот ќе треба да си замине и некој од постоечкото трио на „кралевите“, Винисиус – Мбапе – Родриго. Долго време се шпекулираше дека Винисиус ќе биде играчот што ќе биде продаден, но откако Бразилецот ја одби неверојатната понуда од Саудиска Арабија плановите мораа да се променат, па сега Родриго е голгетерот што ќе мора да си замине летово.
За Бразилецот постои крајно сериозен интерес од Манчестер Сити, Ливерпул исто така ги следи неговите настапи, па „кралскиот клуб“ без проблем би требало да ја достигне сумата од најмалку 100 милиони евра што планира да ја заработи за овој фудбалер.
Тие пари би биле реинвестирани во нов врвен офанзивец, на чело на листата со желби е Вирц, но доколку Германецот сепак заврши во Баерн Минхен тогаш вниманието би се насочило кон други опции на пазарот, се со цел Реал повторно да има моќен напад со кој во следната сезона би атакувал на сите можни трофеи во шпанскиот и во европскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

