Актуелниот европски првак Реал Мадрид не мисли да се откаже од услугите на костариканскиот голман Кејлор Навас. Напротив, раководството на „кралскиот клуб“ му подготви нов договор до 2021 година. Тој ќе добие и зголемување на годишната плата и ќе заработува 5 милиони евра по сезона.
Според досегашниот договор, Кејлор Навас имаше потпис на верност до 2020 година и годишна плата од 4 милиони евра.
31-годишниот чувар на мрежата пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Леванте во 2014 година и оттогаш одигра 90 натпревари и освои 11 трофеи. Тој сепак се пресели на клупата за резерви откако во Реал Мадрид пристигна Тибо Куртоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА