Реал Мадрид го промовираше Лука Јовиќ: „Јас сум најсреќен човек во светот…“ (ФОТО)

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ од денеска и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид. Јовиќ по потпишувањето на договорот денеска промовиран во кралскиот дрес.

Србинот со Реал Мадрид потпиша шестгодишен договор, а Ајнтрахт Франкфурт ќе инкасира 60 милиони евра со можност и за дополнителна заработка низ одредени бонуси. Третина од спомнатиот износ ќе припадне и на неговиот поранешен клуб Бенфика со која до пред два месеци беше под договор.

„Среќни сме што во нашиот клуб носи класа фудбалер кој во огромна мера ќе ја зголеми неопходната конкуренција во тимот“ – истакна Флорентино Перез на промоцијата.

А, по Перез се обрати и самиот Јовиќ кој кратко истакна…

„Во овој момент сум најсреќниот човек во светот. Ќе дадам се од себе да му помогнам на Реал да стигне до уште многу трофеи во иднина. Ви благодарам на сите што ми ја овозможивте оваа радост“ – рече Јовиќ кој изминатата сезона одигра 48 натпревари за Ајнтрахт Франкфурт постигнувајќи 27 погодоци дополнети и со седум асистенции.

Се вчитува...