Реал Мадрид го сака својот екс-напаѓач за резерва на Бензема

Реал Мадрид е заинтересиран за напаѓачот на Селта, Хозелу. Фудбалерот кој има 33 години, би бил идеална резерва за Карим Бензема во кралскиот клуб. Жозелу веќе беше дел од кралскиот клуб, за кои одигра само еден натпревар пред 11 години.

И покрај неговите години, напаѓачот неодамна стана и репрезентативец на Шпанија, откако новиот селектор Де ла Фуенте го повика за мечевите во март во европските квалификации, и веднаш постигна два гола.

Оваа сезона Хозелу во Селта постигна 16 гола и четири асистенции.

Се вчитува...