Европскиот првак Реал Мадрид размислува за следното засилување, а тоа треба да биде за зголемување на конкуренцијата во навалната линија. Тренерот Зинедин Зидан увиде дека му недостига квалитетен напаѓач кој ќе може да реагира од клупата кога на тимот не му оди најдобро, а новата аквизиција би можела да пристигне уште во јануари. Се работи за Тимо Вернер, германскиот репрезентативец и ќлен на Лајпциг, кој веќе подолг период е на радарот на „кралевите“.
Реал Мадрид е подготвен да плати висока сума за неговите услуги, а тој би требало да биде наследник за Карим Бензема, кој исто така многу млад пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе остане повеќе од една деценија.
За Тимо Вернер се заинтересирани и англиските премиерлигаши Арсенал и Ливерпул, а сигурно дека во трката ќе се вклучи и Баерн Минхен, кој не дозволува така лесно квалитетните германски фудбалери да си заминат од државата во странство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА