Реал Мадрид го „украде“ бисерот на Пеп Гвардиола

Реал Мадрид и Манчестер сити и официјално го договорија трансферот на младата шпанска ѕвезда, Брахим Диаз.

Талентираниот фудбалер не добиваше многу можност за игра кај Пеп Гвардиола, па по пет години се одлучи да се врати во Шпанија, и тоа во Реал Мадрид.

Како што информираат од „кралскиот клуб“, договорот е постигнат. Сити за трансферот на Диаз ќе добие 15 милиони евра, плус и со дополнително предвидени бонуси.

19-годишниот Брахим Диаз со Реал Мадрид ќе потпише шестгодишен договор. Диаз во Сити пристигна од Малага во 2014 година. Сезонава одигра вкупно четири натпревари постигнувајќи и два гола.

Се вчитува...