Реал Мадрид го враќа Зидан!?

Зинедин Зидан и Реал Мадрид заедно по четврти пат? Првиот пат како играч, потоа два пати како тренер, а сега би можел да биде советник на претседателот Флорентино Перез.

Шпанските медиуми од утрово пишуваат дека Перез повторно сака да го врати Зидан, но овојпат во управата како советник за комуникација меѓу соблекувалната и раководството.

Сепак, истите медиуми пишуваат дека заед сево ова се крие „мотив“ да Зидан одново седне на клупата на Реал, доколку Анчелоти добие отказ следната сезона, или, пак, кога ќе му истече договорот кој му е до 2024 година.

Перез пред неколку месеци сериозно размислуваше за смена на Анчелоти, но се откажа од идејата и покрај тоа што „кралевите“ во штотуку завршената сезона успеаја да го освојат Купот на Шпанија и светското клупско првенство.

Се вчитува...