Реал Мадрид славеше победа над Борусија Дортмунд во третото коло во Лигата на шампионите. „Кралевите“ беа во многу лоша ситуација по првиот дел, губеа со 0-2 од „милионерите“, но во вториот дел дојдоа до пресврт и на крајот славеа со 5-2.
Германскиот тим одигра многу добро прво полувреме, ја имаше контролата на играта, и со головите на Мален во 30. минута и потоа на Гитенс во 34 минута стигнаа до предност од 0-2.
Реал беше во безизлезна ситуација, но успеа со два брзи гола да дојде до израмнување. Рудигер и Винициус за само три минути донесоа израмнување. Беше мирно до 83. минута кога Лукас Васкез донесе пресврт, за Виницус со два гола да ја комплетира убедливата победа на „кралевите“.
Бојан Миовски влезе во игра во 24. минута, а Џирона дојде до првата победа откако ја совлада екипата на Слован Братислава со 2-0. Гутиерез и Хуанпе беа стрелци на головите, а згора на тоа домашните промашија и пенал.
Штутгарт го шокираше Јувентус и го совлада сред Торино со гол во судиското надополнување. Откако Јуве остана со играч помалку, Штутгарт имаше пенал, но го промаши. Туре на крајот постигна гол за голема победа на „Швабите“.
Астон Вила откако го совлада Баерн Минхен, на свој терен ја победи и Болоња, а Арсенал беше подобар од Шахтјор со 1-0. ПСЖ направи „кикс“ и одигра само 1-1 со ПСВ Ајндховен, додека Спортинг славеше победа над Штурм со 0-2.
ЛШ, РЕЗУЛТАТИ
МИЛАН – БРИЖ 3-1
МОНАКО – Ц.ЗВЕЗДА 5-1
АРСЕНАЛ – ШАХТЈОР 1-0
ЏИРОНА – СЛОВАН БРАТИСЛАВА 2-0
ЈУВЕНТУС – ШТУТГАРТ 0-1
ПСЖ – ПСВ 1-1
РЕАЛ МАДРИД – БОРУСИЈА Д. 4-2
ШТУРМ – СПОРТИНГ 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА