Реал Мадрид губеше, па се разбуди и го „растури“ Еспањол

Реал Мадрид мораше да губи од Еспањол, за да се разбуди и да постигне на крајот четири гола, и со нив да стигне до трите бода во Ла Лига.

„Кралевите“ долго го бараа патот до мрежата, а потоа една грешка, и автогол на Куртоа во 54. минута за Еспањол да води на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, брзо се вратија „кралевите“ па преку Карвахал во 58. минута од средбата израмнија. Напаѓаа домаќините, а голот стигна во 75. минута кога по една супер акција, асистенција на Винисиус, и гол на Родриго за водство.

Винисиус потоа самиот во 78 минута донесе 3-1, а Мбапе од пенал во 90. минута ги постави конечните 4-1.

Се вчитува...