Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се во ‘дуел’ за ангажман на данскиот интернационалец Кристијан Ериксен од англискиот премиерлигаш Тотенхем. „Кралскиот клуб“ ја посакува ѕвездата на Тотенхем како наследник на Хрватот Лука Модриќ, кој исто така во минатото беше дел од „спарс“, додека Барселона смета дека Данецот може да биде одлично решение за средниот ред по заминувањето на легендарниот Андрес Иниеста.
Ериксен има 26 години и одигра одлична сезона во Премиер – лигата, привлекувајќи го кон себе вниманието на најголемите европски клубови. Тој постигна 14 погодоци и имаше 13 асистенции во англискиот шампионат, а имаше блескави игри токму против Реал Мадрид во групната фаза од Лигата на шампионите.
Вредноста на Ериксен на трансфер пазарот изнесува околу 80 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА