За разлика од неговиот постар брат Ињаки, 21-годишниот Нико Вилијамс нема да ја мине целата кариера во Атлетик Билбао. Младиот крилен напаѓач изразил желба да го напушти клубот по завршувањето на сезоната, кога му истекува договорот, но после она што тимот од Баскија му пружи, тие не сакаат да го испуштат како слободен.
Затоа неговиот менаџер предложил Вилијамс во јануари да ја продолжи соработката, но во договорот да стои откупна клаузула од 50 милиони евра за отштет.
Може да се очекува и така да биде, и со тоа да пропаднат плановите на Барселона да го доведе како слободен агент. Ова, пак, би можело да биде добра вест за Реал Мадрид, кој исто така е заинтересиран за Вилијамс, и е подготвен да ја плати сумата која ќе стои во договорот. Реал е далеку финансиски постабилен од Барселона, и затоа е во предност во потписот на Нико, доколку се случи тој да ја продолжи соработката во јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА