Реал Мадрид и Челси ќе водат битка за Јошко Гвардиол

Јошко Гвардиол продолжи со одличните настапи и на Светското првенство во Катар каде е еден од најдобрите играчи на хрватската репрезентација. Младиот стопер доби пофалби од сите страни за играта, а со тоа го примами интересот и на Реал Мадрид.

Шпанскиот гигант му се приклучува на Челси во битката за неговиот потпис со што сериознo ги наруши плановите на англискиот состав. „Сините“ веќе водеа преговори со Лајпциг за негов ангажман, но и покрај тоа што се појавија информации за постигнат договор за трансфер следново лето, германскиот состав ги одби гласините.

Со оглед на интересот мала е веројатноста Гермнаците да успеат да го задржат Хрватот и во следните години и покрај потпишаниот договор до 2027 година, но се очекува добра заработка за 20-годишникот. Лајпциг веќе одби понуда од 90 милиони евра, а од јуни се очекува сумата да се искачи над 100 милиони евра.

Се вчитува...