Реал Мадрид со реми (2-2) против нисколигашот Фуенлабрада се пласираше во осминафиналето на Купот на Шпанија. „Кралевите“ го добија првиот меч со 0-2 и тоа беше решавачко за пласман во следната рунда. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Фуенлабрада имаше изненадувачко водство на полувремето со голот на Луис Милја во 25.минута. Во вториот дел следеа два погодоци на Борха Мајорал, но во завршницата Фуенлабрада израмни преку Алваро Портилја.
Леванте на домашен терен одигра 1-1 против Џирона, но обезбеди пласман понатаму поради триумфот од 0-2 на првиот меч. Мохика ги доведе гостите во водство, а Моралес го израмни резултатот на овој дуел. Енис Барди влезе во игра во второто полувреме, играјќи од 67.минута на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА