Реал Мадрид и ПСЖ се чекираа во осминафиналето во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите откако и вечерва во реваншот на домашен терен славеа против португалска Бенфика овојпат со 2-1.

Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со погодокот на Рафа Силва во 14. минута. Кралевите израмнија на 1-1 преку Чуамени во 16. минута. Арда Ѓулер стрелаше за 2-1, но по проверка на ВАР неговиот гол беше поништен поради офсајд. Конечните 2-1 во вториот дел ги постави Винициус Јуниор во 80. минута.

Real Madrid [2] – 1 Benfica [3-1 on agg.] – Vinicius Junior 80'
byu/ayoefico insoccer

До пласман во осминафиналето стигна и Пари Сен Жермен кој што ја задржа предноста од 2-3 од првиот меч ремизирајќи 2-2 вечерва со Монако. Како и на првиот натпревар одигран во кнежевството Монако стигна до водство од 0-1 со погодокот на Аклиуче во 45. минута. Актуелниот европски шампион израмни на 1-1 преку Маркињос во 60. минута, додека целосен пресврт 2-1 донесе Квараскелија во 66. минута. Конечните 2-2 ги постави Тезе во 91. минута.

PSG [2] – 1 Monaco [5-3 on agg.] – Khvicha Kvaratskhelia 66'
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...