Реал Мадрид има мега понуда за Винисиус

Реал Мадрид по крајот на Ла Лига и почетокот на Светското клупско првенство се очекува да потпише нов договор со Винисиус Џуниор со важност до 2030 година кој воедно ќе му донесе на Бразилецот и подобри финансиски услови на „Сантијаго Бернабеу“.

Славниот шпански клуб во 24-годишниот напаѓач гледа како темел за иднината па е подготвен да му понуди 100 милиони евра продолжување на верноста и во следните пет години.

По потпишувањето на последниот договор во 2022 година Винисиус доби плата од 75 милиони евра за пет сезони, а сега платата се очекува да изнесува 20 милиони евра по сезона. Во договорот ќе има и значајни бонуси за постигнати цели на колективно, но и на индивидуално ниво.

Се вчитува...