Неверојатните игри на Јошко Гвардиола на Светското првенство во Катар ги поттикнаа најголемите светски клубови да се обидат што поскоро да ги осигураат услугите на овој одличен стопер.
Досега како главен кандидат се истакнуваше Челзи, а сега во игра се вклучи и Реал Мадрид. Според италијанските медиуми, Реал веќе понудил 90 милиони евра за услугите на Гвардиола, а трансферот би можел да се случи во летниот преоден рок.
Исто така, Италијанците тврдат дека 90 милиони евра не се доволни за Лајпциг. Германците сакаат дури 100 милиони евра за услугите на Хрватот.
Тоа би бил најголемиот трансфер кога станува збор за дефанзивец. Рекордот го држи Хари Мегваер, за кого Манчестер Јунајтед плати 87 милиони евра.
Од оваа зделка значителна корист би имал и Динамо Загрб. „Модрите“ имаат право на 20 отсто од разликата од она што им го плати Лајпциг и она што ќе го добие Лајпциг. Доколку Германците ги прифатат споменатите 90 милиони евра, Динамо ќе инкасира повеќе од 14 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

