Шпанскиот гигант Реал Мадрид доби дозвола за трансфери во летниот преоден рок, откако казната од ФИФА беше намалена, па раководството се подготвува интензивно за да ангажира неколку засилувања за следната сезона. Претседателот Флорентино Перез сака да доведе нова голема ѕвезда, а тоа треба да биде Еден Азар, белгискиот интернацоналец од редовите на Челси. Шпанските медиуми веќе најавуваат дека Реал Мадрид ќе ја чува „десетката“ на Хамес Родригез, кој во летниот преоден рок најверојатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, токму за Азар.
Зинедин Зидан е голем фан на играта на Еден Азар, а и Белгиецот во неколку свои интервјуа истакна дека има животна желба да соработува со Французинот, кој е еден од неговите фудбалски идоли. Челси нема да го продаде Азер за сума помала од 70 милиони фунти, но Реал Мадрид ќе ослободи дел од буџетот со продажбата на Хамес Родригез и на Алваро Мората. Неизвесна е и судбината на Иско, па јасно е дека во Мадрид ќе има значајни промени претстојното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА