Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид. Турчинот треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња, кој не го продолжи договорот. Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која потоа го отпушти.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, со просек од 6,8 поени и два скока во 328 натпревари во НБА. Според турските медиуми, Коркмаз започнал преговори со Реал, кому ќе му треба добар одбранбен кошаркар по заминувањето на Хезоња.
Хрватскиот кошаркар речиси сигурно ќе се врати во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА