Реал Мадрид ја нападна Ла лига: Следната сезона е наместена!

Шпанските челници на Ла Лига го отфрлија барањето на Реал Мадрид за одложување на натпреварот од лигата против Осасуна на 19. август.

Реал Мадрид изјави дека им е потребно одложувањето бидејќи играчите се уште се уморни од минатата сезона, во која најдобрите фудбалери одиграа повеќе од 60 натпревари откако настапија на Светското клупско првенство во САД.

Во Мадрид се бесни на таа одлука, па испратија остра порака до раководството на лигата преку клупската телевизија.

„Испративме барање за одложување на натпреварот на 9. јуни бидејќи знаевме дека нашите играчи нема да имаат доволно одмор по Светското клупско првенство. Добивме одговор на 31. јули. Дотогаш, тие нè игнорираа. Ја затворија вратата за логиката, спортската медицина и интегритетот на натпреварувањето. Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас Медрано, е познат мразител на Реал Мадрид. Тој отворено нè критикуваше и рече дека натпреварот не смее да се одложи. Ова е манипулација.“ Сезоната 2025/2026 во Шпанија е наместена и манипулирана“, е заклучокот од емисијата на клупската телевизија.

Се вчитува...