Реал Мадрид ја „наполни мрежата“ на Реал Сосиедад

Реал Мадрид повторно се искачи на врвот на табелата во Ла Лига по триумфот од 4-1 против Реал Сосиедад во 24. коло.

Голеадата на „Бернабеу“ ја започна Гарсија со гол во 5. минута по што Ојарзабал во 21. минута изедначи на 1-1 од белата точка.

Нерешениот резултат не се задржа долго на семафорот бидејќи само четири минути подоцна Винисиус возврати од пенал за водство од 2-1.

Во 31. минута мрежата ја затресе и Валвереде, а конечниот резултат го постави Винисиус со својот вто реализиран пенал во 48. минута.

Со овој триумф Реал Мадрид се врати на врвот на табелата со два бода предност пред Барселона, но и натпревар повеќе од вечниот ривал.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...