Баерн Минхен не го откупи договорот на Хамес Родригез, колумбискиот напаѓач се врати назад во Реал, но нема да остане премногу долго ниту во Мадрид. Зинедин Зидан јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги, а Флорентино Перез во меѓувреме ја одреди и цената што заинтересираните клубови ќе треба да ја платат ако сакаат да го доведат овој одличен офанзивен фудбалер во своите редови.
Хамес е проценет на 42 милиони евра, сума што со оглед на последното „трансфер-лудило“ може да се цени како сосема реална за врвен 27-годишен фудбалер. Во ситуација кога бројни клубови бараат оружја за овој дел од тимот, за очекување е Колумбиецот веднаш по завршувањето на Копа Америка да го официјализира своето заминување од Мадрид.
Фаворит во трката останува Наполи предводен од Карло Анчелоти, стратегот што имаше беспрекорна соработка со Родригез додека седеше на клупата на Реал. „Наполитанците“ веќе ги имаат договорено и личните услови со самиот фудбалер, па сега останува само уште да се договорат со „кралевите“, за трансферот да може да биде комплетиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА