Кошаркарите на Барселона доживеаа дебакл против Реал Мадрид во дербито на шпанската АЦБ лига. Во 23. коло од АЦБ лигата, Реал Мадрид славеше со 76-95 на гостуавњето кај Барселона.
Клучот за победата на кралевите беше втората четвртина, која ја добија со нереални 21 разлика (15-36). И покрај фактот дека преостанатите три делници беа изедначени, тимот на Чави Пасквал на крајот го доживеа еден од најубедливите порази во сезоната.
Најдобар во гостинскиот тим беше Кампацо со 15 поени и пет асистенции. Прочида додаде 14, а Хезоња 13 поени. На другата страна, само Весели со 15 и Клајбурн со 14 поени беа двоцифрени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

