Кошаркарите на Реал Мадрид ја декласираа Барселона на домашен терен со 80-61 во шпанското Ел класико како дел од 22. коло од новата сезона во кошаркарската Евролига.
Кралевите уште од самиот старт ја презедоа иницијативата и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да стигне до поволен резултат. Гаруба со 16 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бризуела постигна 13 поени.
Во останатите два меча од денешната програма актуелниот шампион Фенербахче славеше против Валенсија со 82-79, додека Хапоел Тел Авив славеше на гостувањето кај АСВЕЛ со 73-81.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

