Кошаркарите на Црвена звезда доживеаја нов пораз во Евролигата откако вечерва на домашен терен беа прегазени од актуелниот европски шампион Реал Мадрид со 58-72.
Откако по првата четвртина мечот беше во егал (20-20), гостите одиграа неверојатно во вториот период па веќе на пауза имаа двоцифрена предност 34-45. До крајот „кралевите“ само рутински го приведоа мечот за конечни 58-72. Хезоња со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Митровиќ и Теодосиќ завршија со по 14 поени.
Пред натпреварот специјален поклон доби Факундо Кампацо кој минатата сезона ја помина во дресот на белградскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА