Реал Мадрид ја „преспа“ последната четвртина, па загуби од Анадолу Ефес

Кошаркарите на Реал Мадрид претрпеа пораз на гостувањето во Истанбул од Анадолу Ефес со 79-73. „Кралевите“ беа шокирани во последната четвртина, односно ја „преспаа“ откако во неа влегоа со +5 поени разлика, на крајот мораа да се помират со пораз.

Хезоња беше најдобрата фигура во последната четвртина, но немаше поддршка од другите соиграчи, а тоа го искористи Ефес кој уфрли 23 поени, наспроти 12-те на Хезоња, со што на крајот ја однесоа победата.

Најефикасен на мечот беше Брајант со 23 поени, додека Хезоња кај поразениот тим постигна 18 поени.

Се вчитува...