Реал Мадрид ќе го ангажира Верати?

Реал Мадрид се подготвува за промена на генерации која ќе донесе крај на една ера во која царуваа Лука Модриќ и Тони Крос. Шпанскиот гигант веќе доведе играчи на средината на теренот кои ќе ги заменат Хрватот и Германецот, но нив од ова лето може да им се приклучи и Марко Верати.

Италијанецот неодмна го продолжи договорот со ПСЖ до 2026 година, но во моментот воопшто не е задоволен од ситуацијата во клубот поврзана со внатрешни недоразирања кои се се поголеми од ден за ден.

Триесетгодишникот веќе неколу недели се во контакт со тренерот на Реал Мадрид, неговиот сонародник Карло Анчелоти кој воедно и го доведе во ПСЖ во 2012 година. Оттогаш тој одигра 412 натпревари на кои постигна 11 голови, а забележа и 61 асистнеција.

Се вчитува...