Реал Мадрид ќе го претстави Ериксен еден ден по финалето на ЛШ во Мадрид

Кристијан Ериксен во Реал Мадрид е веќе договорена работа, откриваат шпанските медиуми. Играчот за врска на Тотенхем ги договорил личните услови за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа треба да се случи еден ден по големото финале во Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Тотенхем и Ливерпул ќе се одигра на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“.

Само еден ден подоцна Ериксен треба да биде претставен како нова аквизиција на „кралскиот клуб“. Реал Мадрид ќе плати 100 милиони евра отштета за анмгажманот на данскиот интернационалец. Се очекува доаѓањето и на Еден Азар од Челси, исто така за 100 милиони евра, а веќе се обелоденети трансферите на Милитао и на Родриго.

 

Се вчитува...