Реал Мадрид ќе го спасува „фенерџијата“ во Премиерлигата

Брзислкиот фудбалер Ендрик (18) летово официјално му се приклучи на Реал Мадрид по трансферот од Палмеирас вреден 47,5 милиони евра. Младиот напаѓач во досегашниот дел од сезоната за актуелниот европски клупски шампион одигра само 122 минути во сите натпреварувања и за тоа ограничено време успеа да постигне два гола.

Тој го постигна првиот гол на неговото официјално деби за клубот, во победата од 3:0 против Реал Ваљадолид во второто коло од Ла Лига, додека вториот дојде на своето деби во Лигата на шампионите. Тоа беше гол за потврда на славјето од 3:1 против Штутгарт во првото натпреварување. Двата гола ги постигна во самиот финиш на натпреварите, во 94. и 95. минута.

Недостатокот на минутажа би можел да доведе до тоа вториот дел од сезоната да го помине на позајмица, па британски Сан го објави овој план, поврзувајќи го со англискиот Саутемптон, кој моментално се наоѓа на последното, 20. место во Премиер лигата. Во досегашните 11 кола постигнаа само седум гола и освоија само четири бода, па дефинитивно во зимскиот преоден рок ќе мора да земат засилувања, ако сакаат да се спасат од најлошото. 

Се вчитува...