Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува на лето 2024 година. И натаму нема ништо околу негово продолжување, а Реал Мадрид го чека 1. јануари за официјално да може да почне преговори за негов ангажман. Шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ од идниот месец нема повеќе да имаат никакво влијание, затоа што неговиот договор е веќе пред крај.
Исто така медиумите пишуваат дека Реал Мадрид ќе му даде рок на Мбапе да се изјасни до 15. јануари дали ја прифаќа понудата, и нема да бидат прифатени никакви промени. Мбапе ќе има 15 дена, а потоа Реал ќе ја сопре таа приказна и доколку не дојде до позитивен договор, ќе се сврти кон планот Б.
Планот „Б“ на Реал Мадрид е Ерлинг Халанд. Халанд дојде во Сити минатата сезона од Борусија Дортмунд, и освои се што можеше да се освои. Меѓутоа „граѓаните“ нема да се откажат така лесно од неговите услуги, и ќе бараат околу 200 милиони за неговиот евентуален трансфер на „Бернабе“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА