Шпанскиот голман Кепа Аризабалага, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси. Реал Мадрид нема да го откупи голманот, кој е како позајмен до 30. јуни.
Кепа дојде во Реал како замена за Тибо Куртоа, кој заработи повреда на лигаментите на коленото, и се надеваше дека ќе остане во Шпанија. Но, во последно време Карло Анчелоти му ја дава довербата на Андреј Лунин, кој е се посигурен меѓу диреците.
Токму Лунин беше пред заминување, но со новата ситуација, Украинецот сега најверојатно ќе потпише нов договор со „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА