Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Модриќ

Европскиот првак Реал Мадрид не сака лесно да се откаже од услугите на хрватскиот интернационалец Лука Модриќ. „Кралскиот клуб“ планира да му понуди нов договор и по истекот на соработката во јуни 2020 година. Најавите се дека официјално најдобриот светски фудбалер ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на оваа сезона и ќе се пресели во Интер, но раководството на клубот ќе се обиде да го задржи.

Модриќ дојде во Реал Мадрид од Тотенхем во 2012 година и оттогаш одигра 287 натпревари за „кралевите“, со ефект од 16 гола и 44 асистенции. Во седумте сезони во клубот тој освои четири трофеи во Лигата на шампионите, четири пехари од Светското клупско првенство, три титули Суперкуп на Европа, еден трофеј во Ла Лига, еден пехар во Купот на Шпанија и два пехари во Суперкупот на Шпанија.

 

 

Се вчитува...