Шпанскиот клуб Реал Мадрид ја загуби битката на сите трофеи оваа сезона уште на почетокот на март и веќе се фокусира на реновирање на тимот. Ќе биде бурно на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, а претседателот Флорентино Перез планира да вложи огромна сума за ангажман на нови засилувања.
„Кралскиот клуб“ сака да го купи Бразилецот Нејмар и ќе го урне рекордот што тој го постави при трансферот од Барселона во Пари Сен Жермен вреден 222 милиони евра. Реал Мадрид е подготвен да плати фантастични 350 милиони евра за да го доведе бразилскиот ас.
Покрај Нејмар, се споменуваат имиња на уште неколку нови фудбалери, како Еден Азар, Кевин де Бруин, Килијан Мбапе, Мауро Икарди, Калиду Кулибали…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА