Реал Мадрид ќе плати „ситно“ за Чаби Алонсо

Реал Мадрид за Чаби Алонсо ќе треба да плати помалку од 10 милиони евра.

Доколку клубот од Мадрид одлучи да го назначи 43-годишниот стручњак за главен тренер, ќе биде обврзан да му плати на Баер обештетување во износ од 8 милиони евра. Претходно беше објавено дека германскиот клуб очекува да добие 15-20 милиони евра.

Реал Мадрид моментално е предводен од Карло Анчелоти, но тој е пред заминување од клубот. Се очекува многу работи да зависат од финалето на Купот во Шпанија во сабота, како и од финишот на сезоната.

Во моментов Барселона има предност од четири бодови пред Реал Мадрид.

Се вчитува...