Напаѓачот на Тотенхем и веројатно најдобриот играч во Премиер – лигата во овој момент, Хари Кејн, не сака да се пресели во Реал Мадрид ова лето. Тој наводно одлучил да остане во Лондон уште една година и да го носи дресот на Тотенхен, обидувајќи се со овој клуб да стигне до титула во англискиот шампионат.
Хари Кејн е трансферна цел на „кралевите“ и долго време се најавува дека Реал Мадрид ќе испрати понуда вредна 200 милиони евра за негов ангажман на „Сантијаго Бернабеу“, а тој исто така би добил одлични услови за да го облече дресот на најтрофејниот европски клуб. Но, како што шпекулираат медиумите од Островот, Хари Кејн не сака да го напушти Тотенхем без освоен трофеј и сака да остане уште една сезона во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА