Реал Мадрид сака да го доведе Сем Декер, крилниот центар на Хувентуд од Бадалона. Американецот кој е висок 203 сантиметри има привремен договор со тимот од Каталонија кој истекува на 18 јануари, а по тој датум би можел да премине во кралскиот клуб.
Мадрид го гледаат како идеална замена за Јабуселе, кој летово го напушти Реал Мадрид и премина во НБА франшизата на Филаделфија 76. Декер пристигна во Бадалона како привремено решение во средината на ноември, но го привлече вниманието кон себе со своите брилијантни настапи. Еден од најзаслужните е што Хувентуд е меѓу клубовите кои изборија пласман на завршниот турнир од Купот на кралот.
Во Ендеса лигата просечно бележи 14,3 поени со 52 отсто шут за два и 50 отсто за три поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА