Раководството на Реал Мадрид речиси сигурно ќе се раздели со централниот дефанзивец на тимот Хесус Ваљехо, информираат шпанските медиуми.
27-годишниот дефанзивец потекнува од младинската школа на клубот, но помина многу време на позајмица во различни тимови. Оваа година, тој остана на „Сантијаго Бернабеу“ со идеја дека може да помогне во непрестајните дефанзивни проблеми на тимот.
Сепак, тој и натаму не добива шанси, и покрај многуте повреди во тимот. Ваљехо мина само 10 минути на теренот сезонава против Алавес, меч кој беше загубен.
Самиот фудбалер има договор со Реал до крајот на сезоната, каде сигурно ќе го напушти тимот, но не е исклучено и во јануари да му биде овозможено да замине без никакво обесштетување.
Сериозен интерес за овој играч покажува Рајо Ваљекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

