Реал Мадрид преку својот клупски ТВ канал најави дека ќе се жали до ФИФА во врска со судењето во Ла Лига.
„Кралевите“ денеска славеа на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1-2 во меч во кој имаа играч помалку скоро 60 минути, а исто така беше досуден и пенал против нив во второто полувреме.
Клупската телевизија објави дека клубот ќе поднесе жалба до ФИФА „поради судиски грешки во првите четири кола од Ла Лига, како и оние од минатата сезона“.
„Ова првенство е вистински срам. Реал Мадрид остана со десет играчи. Хојсен беше исклучен, а Чаби Алонсо доби жолт картон, очигледно затоа што беше лут, како и сите навивачи на Реал Мадрид. Тоа е срам за првенството“, стои во соопштението на клупската телевизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

