Реал Мадрид ќе го земе Мбапе, ама не ова лето

Реал Мадрид ќе прави мала реконструкција на тимот за следната сезона, но приоритет за „кралевите“ е освежување во средниот ред. А тимот од Мадрид е блиску до ангажман на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, кој би требало да биде замена за Лука Модриќ, кој веќе е во сериозни играчки години.

Хрватот наводно прифатил и следната сезона да биде дел од Реал, но да биде повеќе како ротација за Белингем.

„Марка“ објавува дека Реал Мадрид ќе тргне и по Килијан Мбапе, но не ова лето, туку следното во 2024 година. Тогаш Карим Бензема веќе ќе биде пред пензија, па „кралевите“ ќе имаат потреба од голгетер, а изборот ќе падне на играчот на ПСЖ.

Мбапе веќе неколку години се поврзува со трансфер во Реал. Минатата сезона беше најблиску, имаше и преговори, но на крајот Мбапе се реши да го продолжи договорот со ПСЖ. Се чинеше дека со тој потег засекогаш си ја затвори вратата кај Флорентино Перез, но веројатно првиот човек на Реал ќе тргне по услугите на францускиот голгетер.

Се вчитува...