Голман ќе биде прво засилување на Хулен Лопетеги како нов тренер на Реал Мадрид, но не станува збор за ниту едно од звучните имиња со кои „кралевите“ беа поврзувани во изминатиот период. Алисон Бекер и Тибо Куртоа беа споменувани во последните дваесетина дена, но прво засилување на Флорентино Перез летово е Андриј Лунин, перспективниот украински голман кој вечерва потпиша договор со „кралскиот клуб“.
Станува збор за изненадувачки трансфер, но „кралевите“ во 19-годишниот Лунин гледаат голем голмански талент, па затоа и платија 14 милиони евра за да го доведат од редовите на Зорија.
Младиот Украинец ќе се појави на првата прозивка на Лопетеги, па тренерот потоа во текот на летото ќе реши дали да го задржи во Мадрид или да го прати на едногодишна позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА