За Бразилецот Нејмар со месеци веќе се најавува трансфер во редовите на Реал Мадрид. Шпанската телевизија (ТВЕ) синоќа лиферуваша информација дека европскиот шампион испратил и официјална понуда до ПСЖ за ангажман на Бразилецот во вредност од неверојатни 310 милиони евра!
Но, револтирани, како што велат, од лажните вести, од Реал Мадрид синоќа се јавија и со официјално соопштение во кое ги демантираат наводите на ТВЕ потенцирајќи дека не може да веруваат како национална телевизија со таков углед си дозволува да шири лажни вести кои ги претставува како ексклузива.
„Нашиот клуб комплетно се оградува на информациите кои ТВЕ ги објави околу наводна понуда на Реал Мадрид до ПСЖ за Нејмар. Тврдиме дека тие информации се лажни. Реал Мадрид не испратил никаква понуда до ПСЖ, ниту до фудбалерот“ – се наведува на официјалната интернет страница на Реал Мадрид, по што следи:
„Навистина сме изненадени и прашуваме дали е можно национална шпанска телевизија да објавува таква лага и тоа без да контактира било кое од раководните лица на Реал Мадрид?“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА