Реал Мадрид по истиот рецепт како и Џуд Белингем, сака да го „украде“ и сегашниот талент на Борусија Дортмунд, Џејми Бајно-Гитенс.
Англичанецот кој има 20 години, досега во сите натпреварувања има постигнато 11 голови. Тој е крилен играч, и веројатно „кралевите“ веќе бараат замена за Винисиус Жуниор, кој е се поблиску до Саудиска Арабија.
На Реал Мадрид му го привлече вниманието брзината на Гитенс, како и неговите дриблинзи, со оглед дека има најголем број на дриблинзи од сите фудбалери во Бундеслигта.
Крилниот напаѓач е производ на школата на Манчестер Сити. Реал Мадрид ќе има конкуренција во Челси и Арсенал, кои исто така се заинтересирани. Меѓутоа токму Белингем, кој во 2023 од Борусија се пресели во Реал Мадрид, е најсилниот адут дека Гитенс на крајот ќе заврши во Шпанија, наместо во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

