Реал Мадрид му подготвува најголем договор во историјата на Мбапе

Француските медиуми и натаму откриваат детали околу трансферот на Килијан Мбапе, и тврдат дека од лето сигурно францускиот фудбалер ќе игра за Реал Мадрид.

Мбапе одигра 288 натпревари за ПСЖ, постигна 241 гол и имаше 105 асистенции. Француските медиуми се сигурни дека на крајот на сезоната си заминува од Париз, и се сели во Реал Мадрид. „Кралевите“ го добиваат без отштета, со оглед дека за четири месеци му истекува договорот со „светците“.

„Најголемата ѕвезда на францускиот фудбал ќе се приклучи на најголемиот клуб во светот. Реал Мадрид е многу оптимистички, договара и ќе му го понуди најголемиот договор во историјата на клубот. ПСЖ како и неговите соиграчи од репрезентацијата веќе знаат. Мбапе одлучи на крајот на сезоната да замине во клубот кој од секогаш го сакаше. Битката е загубена за ПСЖ“, пишува Ле Паризиен.

Се вчитува...