Реал Мадрид постави краен рок до крајот на овој месец за конечен одговор од капитенот Начо дали ќе остане во тимот и следната година, пренесуваат шпанските медиуми. „Кралевите“ му нудат договор на уште една година на 34-годишниот дефанзивец, но сакаат што поскоро да знаат дали ќе можат да сметаат на него или ќе мора да ја бараат неговата замена.
Самиот играч не даваше конкретен одговор дали ќе си оди или ќе остане, продолжувајќи ја неизвесноста на раководството на „кралевите“. Во пресрет на финалето во ЛШ велеше дека е фокусиран кон тој меч, за сега да изјави дека е фокусиран кон настапите за Шпанија на ЕП.
Стоперот во завршената сезона запиша 45 настапи. Лука Модриќ и Лукас Васкез веќе договорија да останат, додека Тони Крос ја завршува кариерата, но ќе остане во таборот на „кралевите“ и ќе работи во младинските категории.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

