Саботниот натпревар против Реал Сосиедад ќе биде последен на клупата на Реал Мадрид за преискусниот италијански стратег Карло Анчелоти, потврди славниот шпански клуб.
Со крајот на сезоната завршува и вториот мандат на Анчелоти во главниот град на Шпанија. Првиот траеше од 2013 до 2015 година, а вториот започна летото 2021 година и ги донесе најуспешните години во 123 години долгата историја на клубот со три освоени титули во Лигата на Шампиони, три Светски клупски првенства, три еврпски Суперкупови, две титули во Ла Лига, две во Купот на Шпанија и две во шпанскиот Суперкуп.
„Реал Мадрид и Карло Анчелоти постигнаа договор за крај на неговата тренерска епизода во Реал Мадрид. Нашиот клуб сака да изрази голема благодарност и почит кон човекот кој е една од најголемите легенди на Реал Мадрид и светскиот фудбал“, стои во дел од соопштението на Реал Мадрид.
👏 #GraciasCarlo 👏 pic.twitter.com/s5V0dk8uo1
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

