Пабло Ласо и официјално си оди од тренерското место на Реал Мадрид. Ласо преживеа срцев удар минатиот месец и успеа да се врати за финалната серија против Барселона, која на крајот се претвора како последна за него како тренер на Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ ова попладне донел неочекувана одлука и му врачил отказ на искусниот стручњак, вест која ја потврдија двата најугледните весници од шпанската престолнина.
„Марка“ и „АС“ информираат дека раководството на клубот претседавано од Флорентино Перез решило да го прекине договорот на Ласо една година пред истекот, одлука која никако не ја одобрувал тренерот, но која морал да ја прифати.
После 11 години, 22 титули, 860 натпревари и 659 победи, Ласо повеќе не е тренер на кошаркарскиот тим на „кралевите“ и заминува во историјата, а причина за тоа е различните погледи и гледишта кои ги имал со одоговорните луѓе во клубот.
Искусниот стручњак ја освои титулата со Реал Мадрид во домашното првенство и уште еднаш го доведе во прашање проектот на Јасикевичиус во Барселона, но сепак клубот се одлучи за тажен крај и негов наследник ќе биде Чус Матео.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА