Реал Мадрид одигра разочарувачка сезона во која по долго време не беше освоен ниту еден трофеј. На доскорешниот тренер Карло Анчелоти голема мака му зададоа и честите повреди па според шпанските медиуми овој проблем ќе се решава на радикален начин.
Имено, очекувањата се дека целиот медицински персонал во следните недели ќе добие отказ, а нивните места ќе бидат адекватно пополнети.
Одлуката за реконструкција на медицинскиот персонал доаѓа и по нарушени односи меѓу истиот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

