Лука Модриќ нема да биде единствената легенда со која ќе се збогува Реал Мадрид ова лето. Покрај Хрватот заминува уште еден ветеран, Лукас Васкез кој речиси целата кариера ја помина на „Сантијаго Бернабеу“.
Сега 34-годишникот пристигна во Реал Мадрид како 16-годишник во 2007 година, а откако ги помина младинските селекции и помина една сезона на позајмица во Еспањол дебитираше за првиот тим во 2015 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот и соблекувалната.
Васкез настапи на 402 натпревари за 10 сезони поминати со првиот тим, освои 23 титули од кои пет во Лигата на Шампионите.
Реал Мадрид објави дека свечено ќе се збогува со легендата во центарот Реал Мадрид во четврток од 13 часот. Како што стои во соопштението на Шпанеците клубот сака „да ја изрази својата благодарност и да му се поклони на еден од најголемите легенди на клубот“
И покрај тоа што останува непознато која ќе биде следната дестинација на Шпанецот, голем интерес за негов ангажман изрази Фенербахче каде ќе има можност одново да соработува со Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

